Како желудникот не сака да ја вари храната
Кога по ручекот во стомакот ќе се појават непријатност и тежина, подуеност, боцкање, понекогаш дури и болка, причината не е проблем со варењето, туку диспепсија.
– Ако пациентот ги има наведените тегоби, би требало да се консултира со соодветен лекар, кој ќе процени дали е потребно натамошно испитување или ќе дoбие соодветен совет и терапија – велат гастроентеролозите.
Во овие случаи се даваат лекови што го спречуваат лачењето на киселината, со што во најголем брoј случаи ја отстрануваат тешкотијата што пациентот ја опишува како желудникот да не му работи, објаснуваат лекарите.
Понекогаш во овие случаи, или кај постојана ждригавица или киселини, пациентите самоиницијативно земаат лажичка сода бикарбона, која брзо ги отстранува проблемите.Гастроентеролозите тоа не го препорачуваат бидејќи подоцна доведува до спротивен ефект, односно до зголемено лачење на киселината.
Тоа е т.н. „рибаунд ефект“, кој посебно кај болните од чир на дванаесетпалечното црево може да доведе до негово пукање и крвавење.
– Ако е толку неопходно пациентот да земе лек без консултација со лекар, посигурно е да земе „ранисан“ или некој од инхибиторите на протонска пумпа, советуваат лекарите. Ако со тегобите доаѓа и до нагло слабеење, слабокрвност, отежнато голтање и упорно повраќање, пациентот не смее сам да се лекува, туку треба брзо да се јави кај својот лекар.
Подготви: К. А.
