Занимливости

Македонските ракометари на СП во група со Хрватска, БиХ, Австрија, Тунис и Иран

Македонската машка ракометна репрезентација на 24-то Светско првенство кое е се одржи во Катар до 14-ти јануари до 1-ви февруари следната 2015 година , ќе игра во групата Б, со селекциите на Австрија, Босна и Херцеговина, Тунис, Иран и Хрватска, одлучи жрепката во недела во катарската престолнина Доха.

Според досегашните резултати, се чини дека најсериозен противник на македонската селекција ќе биде Хрватска, која од последното светско првенство минатата година во Шпанија беше третата и носител во една од групите.

Сепак, бидејќи според пропозициите по четирите првопласирани екипи од секоја група се пласираат во осминафиналето, се очекува сигурен пласман на Македонија, во фазата од која ќе се игра на елиминации. Во осминафиналето групата во која е македонската селекција вкрстува со групата А.

Распоред по групи:

Група А: Шпанија, Словенија, Катар, Белорусија, Бразил и Чиле.

Група Б: Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Австрија, Тунис и Иран.

Група Ц: Франција, Шведска, Алжир, Чешка, Египет и Обединети арапски емирати.

Група Д: Данска, Полска, Русија, Аргентина, Бахреин и Германија.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button