Како да ги отстраните непријатните мириси од пластичните садови
Употребата на пластичните садови во денешно време е секојдневна, но за жал, многупати се случува во нив да се задржи миризба од храна. Повеќето луѓе секојдневно користат пластични садови за да ги сместат остатоците од храната во фрижидер, да ги понесат на работи итн., но нивното миење може да зададе многу главоболки.
Држете се до овие совети за побрзо и полесно да се ослободите од несаканите мириси.
Измијте ги најрано што можете
Првиот чекор во елиминирањето непријатните мириси е да не чекате садовите да впијат, туку ќе ги измиете веднаш. Најдобро е да ги измиете со сапуница и врела вода, но и да ја повторите постапката пред да ги употребите следниот пат.
Измијте ги со оцет
Откако сте ги измиле со сапуница, сипете оцет и оставете ги да отстојат барем 3 минути. Потоа измијте го оцетот и избришете го садот.
Сол
Сипете во нив малку сол додека стојат. Сетете се, само, да ја отстраните солта пред да го сипете внатре следниот оброк.
Изложете ги на сончеви зраци
Пола час, до саат време нека останат на директна сончева светлина и ќе бидат елиминирани сите мириси и уништени бројни бактерии.
Наполнете ги со весници
Не знаеме како и зошто ова функционира, но се покажало како ефикасно. Оставете ги весниците во текот на целата вечер или подолго и измијте го садот пред да го употребите.
Употребете сода бикарбона
Веројатно веќе знаете дека содата е одлично средство за чистење и отстранување на мириси, па ни овде не е исклучок. Помешајте малку вода за да направите густа паста со која ќе истриете ѕидовите на садовите. Оставете да стои најмалку еден ден, а потоа темелно измијте ги садовите. Повторувајте ја постапката се додека непријатните мириси не исчезнат во потполност.
Подготви: K. A.

