Занимливости

Што се случува кога ќе се прејадаме: Може ли стомакот да експлодира?

На многумина им е добро познато чувството на преполн стомак. Мери Роуч, авторка на книгата „Прејадување“, во интервјуто за „Бизнис Инсајдер“, објаснила како до тоа доаѓа и што се може да предизвика во нашиот организам.

– Речиси е невозможно стомакот да „експлодира“ по прејадувањето – изјавила Мери Роуч.

Тој непријатен впечаток дека ќе „пукнеме“ поради храна е во голема мерка субјективен.

– Стомакот во просек може да прими четири килограми храна. Тој ја има таа горна граница пред да ја „испрати“ храната назад. Таа количина може да ја обработи, а да не дојде до рефлекси на повраќање – додала таа.

И покрај тие предупредувачки знаци на стомакот, повеќето луѓе се прејадуваат и предизвикуваат пукање на цревата. Повеќето случаи на пукање на цревата се јавуваат кога лицето става во желудникот околу пет килограми храна или течности. Најчесто тоа го прават луѓето со некое нарушување во исхраната кои навикнале стомачните мускули да се „протегнуваат“ над границата на дозволеното.


Нивните мозоци исто така ги игнорираат сигналите кои им зборуваат ека е време да престанат со храната – истакнала Мери Роуч.

Кога ќе внесете премногу храна, а не повраќате, таа маса ги притиска ѕидовите на стомакот и предизвикува пукање.

 

Подготви: К. А.


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button