Занимливости

Како да го прочистите организмот после прејадување?

За неколку дена почнуваат празниците, што значи дека постојано ќе бидете во искушение да пробате многу храна и алкохол. Секако, она што ќе го видите на вагата откако ќе заврши периодот нема да ви се допадне, особено ако сте претерале.

Бидејќи речиси сигурно ќе претерате со калориите, можете да ги искористите советите на Yahoo Shine за тоа што треба да направите за да го прочистите организмот, доколку се прејадете со нездрава храна. Најдоброто е што не станува збор за никаква диета.

Прескокнете го кафето

Поминете неколку утра без да се напиете кафе. Доколку имате потреба од доза кофеин подобро напијте се шолја зелен чај. Потребна е само една шолја за да се зголеми работата на црниот дроб.

Вода

Мора задолжително да се напиете шест до осум чаши вода во текот на денот. Уште еден трик кој треба да го употребите е да исцедите парче лимон или портокал, кои ќе ви помогнат да го согорите вишокот. И стомакот и кожата ќе ви бидат благодарни.

Храна богата со влакна

За да го вратите дигестивниот систем во нормала, треба да консумирате храна богата со растителни влакна. Затоа започнете го денот со овесни снегулки, кои ќе ве заситат и ќе ви го стабилизираат организмот.

Размрдајте ги мускулите

Потребни ви се само пет минути активност за да му помогнете на организмот да се стабилизира побрзо. Ако имате повеќе време, пробајте да вметнете неколку кардио вежби.

Намалете со консумирањето шеќер

Паузирајте со консумирање на храна што е богата со шеќери. Тоа значи да не јадете слатки, како и преработена храна, а наместо тоа гледајте да јадете зеленчук и овошје.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button