Неверојатна трансформација на брачен пар преку заедничка диета

Во своите најдебели денови имал 150 килограми и носел маичка со натпис “Ја победив анорексијата”. За сите други тој бил човекот кој воопшто не е загрижен за својата дебелина, но приватно тој си замерувал на себе за својата тежина и сакал да изгледа поинаку. Го иритирал фактот што нема сила ниту да ги одведе своите четири ќеркички во парк, а се уморувал и при распакување на намирници купени од маркет, пренесува KDVR.

И неговата сопруга Џесика имала проблем со дебелината. Достигнала тежина од 130 килограми и признава дека и покрај тоа што била огромна, се чувствувала како да е “невидлива” бидејќи луѓето ја игнорирале поради нејзината дебелина.
Во март 2012-та брачниот пар имал емотивен разговор. На Џесика и’ се приближувал 30-тиот роденден и не сака повеќе да биде дебела. Тие и претходно зборувале дека мораат да симнат од својата телесна тежина, но тој ден сепак нешто било поразлично.
“Ги обожувам своите деца и си го сакам сопругот, но во тие моменти се мразев себе. Не им се давав целосно себеси бидејќи се згрозував од сама себе”, изјавила Џесика и објаснила дека тој ден донела цврста одлука да започне диета.
Џесика се запишала на Зумба и за неколку недели изгубила 10 килограми по што конечно се мотивирала да продолжи да работи на својот изглед. На Роберт му било потребно малку повеќе време да се прилагоди на промените, но и тој веднаш се запишал на тенис и започнал да го прескокнува последниот оброк. Започнале заедно да пливаат, да планинарат и да трчаат.


Трудот целосно се исплател бидејќи денес и двајцата имаат иста тежина – 75 килограми. Целосно ја промениле својата исхрана. Избегнуваат брза храна и внесуваат многу овошје, зеленчук и риба. Велат дека се чувствуваат многу поздраво и посреќно.

“Се сакам себе. Го сакам она што го гледам во огледало. Знам дека имам уште многу работа, но сега сум друга личност”, задоволно заклучува Џесика.

