Кога всушност почнуваме да старееме?
Добра вест за оние кои се плашат од стареењето! Со продолжениот животен век подолго остануваме млади, па така жените влегуваат во средно животно доба на 45 години, а мажите на 43, додека децата родени околу 2010 година во просек ќе доживеат 94 години.
Британско истражување покажало дека мажите родени 1920 година во просек живеат 74 години, додека оние родени во 1970 година, во просек ќе доживеат 76 години. Со оглед на тоа, момчињата родени во оваа деценија, во просек ќе доживеат 91,6 години.
Границата е поместена и за жените. Така од 79 се зголеми на 90, а се очекува дека ќе изнесува 94 години.
Во извештајот на британската влада стои дека средното доба за мажите отсега ќе се смета од 43, а за жените од 45 години.
Секој кој се приближува кон 40-та година нема причина за загриженост, велат научниците. Пред 40-годишниците е цел живот, а тоа е заклучок на анализата на неверојатните промени во животниот век.
Неодамнешното истражување покажало дека средните години ги обележува попладневниот сон, давање предност на удобноста наместо на стилот, и негодување во случај на замор. Други знаци дека се влегло во средни години се преферирање на помирни ноќи наместо излегувања, пиење чај на излет или пак носење храна на патување. Освен тоа, научниците велат дека официјално почнуваме да старееме кога ќе наполниме 50 години.
Британските статистики предвидуваат дека 30 отсто од денешните момчиња и 39 отсто од девојчињата ќе доживеат сто години.
