Занимливости
Македонските ракометари ја победија Грција
Ракометната репрезентација на Македонија ја совлада Грција во Атина со 27-25 (13-12), во првиот бараж натпревар за пласман на СП во Катар. Македонските ракометари, следната сабота во Скопје само ќе треба да го потврдат настапот на Мундијалот.

До очекуваниот триумф во Атина, Македонија ја предводеше голманот Борко Ристовски со 17 успешни интервенции. Кога станува збор за стрелците, најефикасни беа Кире Лазаров и Дејан Манасков седум односно шест голови, Филип Миркуловски постигна три, по два гола дадоа Гоце Георгиевски, Ванчо Димовски и Филип Лазаров, а по еден гол постигнаа Немања Прибак, Гоце Ојлески и Ренато Вугринец кој го имаше своето деби за Македонија.
Реваншот во Скопје ќе се одигра на 15.јуни.
