Занимливости

Червар ја најави новата стратегија на Металург

Ракометниот шампион на Македонија, екипата на Металург, во сабота против Татран Прешов ќе ја стартува новата сезона. Плановите и амбициите на клубот денеска на прес-конференција ги претстави тренерот Лино Червар.

„Оваа година нашите планови и стратегија ќе бидат малку изменети, а тоа не е случајно, тоа е нешто што беше најавено. Ние добро ги анализиравме нашите три години во Лигата на шампиони и убедени сме дека го постигнавме максимумот. Со еден тим каков што е Металург, три години тргнувавме од квалификациите и стигнувавме до најдобрите осум. Знам дека сите ние секогаш сакаме повеќе, но морам да кажам дека за Фајнал фуор во ЛШ треба нешто повеќе, требаат пари и политика“, рече Червар.

„Ние не се откажуваме од ЛШ, ќе се обидеме и оваа година ќе дадеме се од себе за да играме добро. Групата во која сме е тешка, ПСЖ е многу силен, тука е Загреб, да не го споменувам Кил, тука е Брест Мешков кој донесе многу засилувања, тим кој има 14 странци. Но ние нема да се предадеме“, дополни предводникот на Металург.

Червар ја најави и новата две годишна програма на клубот, во која најголема шанса треба да добијат младите играчи.

„Металург оваа година се определи за еден нов проект каков што нема никој во Европа. Клубот од оваа сезона започнува две годишен проект чии темел ќе биде младоста. Металург оваа и наредната сезона треба да биде спој на младост и искуство, носители на проектот ќе бидат Мојсоски, Миркуловски, Јоноски, Маркоски. Металург ќе биде вистинско освежување во ЛШ“.

Екипата од Автокоманда оваа сезона во ростерот ќе има 13 млади играчи, но за разлика од минатите сезони екипата ќе има многу подолга клупа. Како што информира Червар, македонскиот првак сезонава во ростерот ќе има 73 проценти македонски играчи и 27 проценти ракометари од странство.

„Преку 40 отсто од играчите во тимот имаат меѓу 18 и 22 години, од нив осум играчи се високи преку два метра. Ова што ние сакаме да го направиме е добро за ракометот во Македонија и за репрезентацијата на Македонија“.

Младите играчи тренерот на Металург најмногу ќе ги користи во СЕХА лигата. Според Червар, Металург го поддржува проектот СЕХА лига која константно се движи напред, но додека не добие вистински легитимитет во ЕХФ, клубот ќе ја користи за афирмација на младите ракометари.

Кога станува збор за домашното првенство клубот ќе стори се за да ја одбрани шампионската титула.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button