Занимливости

Сакате да го избегнете карциномот? Еве што треба да направите!

Здравиот начин на живот би можел да ја спречи појавата на повеќе од 40% од карциномите, покажало едно британско истражување, пренесува BBC.

Според податоците на Британскиот центар за истражување на ракот, пушењето е најважната меѓу причините за појава на рак, кои можат да се избегнат со промената на животниот стил, а после него следи нездравата исхрана како причина. Ограничувањето на внес на алкохол и редовното вежбање помагаат за намалување на ризикот од рак.


Според податоците од 2007 до 2011 година, повеќе од 300.000 случаи на рак во Британија биле поврзани со пушењето.


Нездравата исхрана во тој период од пет години била поврзана со 145.000 случаи на рак, дебелината била поврзана со 88.000 случаи на карцином и алкохолот бил поврзан со 62.000 случаи.


Ризични фактори се и оштетување на кожата поради прекумерно изложување на сончевите зраци, а исто така и физичката неактивност.



Статистичарот Макс Паркин од Британскиот центар за истражување на ракот на лондонскиот универзитет Queen Mary, вели дека нема речиси никаков сомнеж дека одреден начин на живот може да има големо влијание врз појавата на рак. „Истражувањата ширум светот укажуваат на истите фактори на ризик“.


„Здравиот начин на живот не може да гарантира дека некој нема да добие рак, но можеме да ги намалиме изгледите со превземање на позитивни чекори кои ќе го намалат тој ризик во иднина“.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button