Излекувајте го новогодишниот мамурлак со овие продукти
Мамурлакот сигурно нема да ве заобиколи по новогодишната ноќ полна со алкохол. Проблемот настанува наутро (или попладне) по веселата ноќ во облик на мамурлак. Мамурлакот е цената која ја плаќаме по бурните празнични ноќи, исполнети со големи количини алкохол.
Ви претставуваме список на домашни лекови со помош на кои ќе можете да го победите мамурлакот и ќе бидете како нови за претстојниот ден.
Ѓумбирот е специфичен продукт, но и одличен дигестивен лек кој можете да го додадете во храната по ваш избор, да го пиете како чај или да го помешате со вода, пришто служи како еликсир против вртоглавицата и го смирува вашиот нервен систем. Овој моќен антиоксидант и антикоагулант прави чуда, но немојте да го консумирате на празен стомак. Најдобро е да го измешате со некој друг производ.
Медот е силен антиоксидант кој изобилува со фруктоза и гликоза. Некои народи го мешаат со сок од туршија и на тој начин добиваат солен хидратантен пијалак со кој го лекуваат мамурлукот. Ако оваа мешавина ви звучи грдо и не сакате да ја испробате, едноставно земете неколку лажички од овој магичен производ и набргу ќе почувствувате подобрување.
Утрото потоа, односно денот по пијанството, секогаш можете да пробате некоја лековита течност, на пример, сок од кисели краставички. Ефектот во овој случај се должи на високото ниво на електролити и минерали во оваа течност. Киселите јадења или чорба во ситните часови, исто така, можат да го развеселат организмот и да дејствуваат превентивно.
И јајцата се лек за мамурлак бидејќи тие содржат цистеин, супстанца која го неутрализира ацеталдехидот. Добар избор на храна против мамурлак се и бананите, кои го обновуваат нивото на натриум и калиум, кои, пак, се губат во текот на честото ноќно мокрење.
Подготви: К. А.
