Занимливости

5 Причини плус зошто компирот треба да е дел од вашата исхрана


5 Причини плус зошто компирот треба да е дел од вашата исхрана


Во облик на помфрит, печен или во чорба, како и да го зготвите има одличен вкус, но и содржи многу состојки кои му се потребни на нашиот организам.

5-pricini-plus-zosto-kompirot-treba-da-e-del-od-vasata-ishrana-1

Ако сакате да си го зачувате здравјето, тогаш компирот нека биде дел од вашето неделно домашно мени.

Без разлика дали станува збор за појадок, ручек или вечера овие 5 причини плус ќе ве натераат веднаш да си зготвите вкусен оброк со компири:

1. Огромно количество на калиум

Еден голем и неизлупен компир содржи дури 1.600 милиграми калиум, што е речиси половина од дневната препорачана количина и четири пати повеќе отколку што содржи една банана со средна големина. Калиумот не само што е добар за хидратација и издржливост кај атлетите, туку игра важна улога во намалување на крвниот притисок.

2. Богат е со природни влакна

Тоа важи само ако компирот го јадете со лушпата. Еден голем компир содржи дури 7 грама на влакна, што е ¼ од потребната количина во текот на денот. Откога ќе ја отстраните лушпата останува само 1 грам од влакната. Храната богата со влакна овозможува подолго време да останете сити, а го намалува ризикот од срцев удар, го намалува холестеролот и помага во спречување на дијабетесот.

3. Содржи здрава доза на витамин Ц

Компирот со лушпа содржи огромна количина на витамин Ц, односно во еден голем компир има дури 29 милиграми, а тоа е половина од неопходната дневна количина. Витаминот Ц е важен антиоксиданс и помага во брзото лекување на рани.

5-pricini-plus-zosto-kompirot-treba-da-e-del-od-vasata-ishrana-2

4. Извор на манган

Манганот е важен за варење на протеините, јаглените хидрати и холестеролот, а може да биде вклучен и во формирање на коските. Еден голем компир со лушпа содржи 1/3 од неопходното дневно количество на манганот.

5. Богат со витамин Б6

Витаминот Б6 е потребен за кардиоваскуларното здравје, дигестивниот, имунолошкиот, мускулниот и нервниот систем. Освен тоа, тој влијае врз производството на неопходните мозочни хормони. Еден голем компир ве обезбедува со 46% од препорачаната дневна доза од витаминот Б6. 

Би можело да ве интересира:
Заборавете на таблетите: Излечете ја настинката со овие 3 народни рецептиЗаборавете на таблетите: Излечете ја настинката со овие 3 народни рецепти…
Таблетите и хемиските прашаци со аналгин, парацетамол и вештачки витамин Ц не секогаш е најдобриот и…
Најпопуларниот задник на Инстаграм: ја следат 1.3 милиони луѓеНајпопуларниот задник на Инстаграм: ја следат 1.3 милиони луѓе…
Џен Шелтер е девојката која е омилена на Инстаграм. А, зошто? Таа има совршен задник во кој вложува …
6 начини за природно зголемување на градите6 начини за природно зголемување на градите…
Голем број од девојките и жените не се задоволни со големината на своите гради, па наместо да размис…

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button