Еден во милион случаи: Црномуреста Нигеријка роди бело бебе

По долгото породување 32-годишната Нигеријка Кетрин Хоуварт останала шокирана кога и го донеле бебето да го земе во раце и била сигурна дека и донесле погрешно бебе.Новороденчето било целосно бело, додека неговата мајка со потекло од Нигерија има целосно темна кожа.
Иако бебето Џона има бел татко, докторите велат дека шансите да се роди целосно бело бебе е многу мала, можеби еден во милион случаи, пишува британски „Мирор“.
Не била само мајката изненадена од бојата на кожата на нејзиното бебе и бабицата која ја породила била изненадена. И мажот на Кетрин, Ричард бил изненаден. Тој очекувал дека нивното бебе ќе има темна кожа.
– Кога првпат го видов синот почувствував олеснување бидејќи е силен и здрав. Беше многу блед бидејќи папочната врвка му беше замотана околу вратот, а потоа по неколку часа бојата му се врати, а имаше ист тен како мојот – изјавил гордиот татко.
Според зборовите на докторите, бебето не е албино, а во случај со вакви околности, кога едниот од родителите е белец, а другиот со темна боја на кожата, да се роди бело дете е многу ретко.
– Ми рекоа дека веројатно носам рецесивен ген за белиот тен. Но моите родители се од Нигерија и колку што можам да се сетам никој во моето семесјтво не бил бел. Но некаде мора да постоел бел ген кој бил успиен сите овие години. Наспроти првичниот шок јас и мојот сопруг сме пресреќни- изјавила Кетрин.
Подготви:Б.В.

