Каков си во креветот, ти пишува на лицето
Британската писателка Трејси Кокс потпирајќи се на техниката која Кинезите ја користат веќе илијадници години, напишала мало упатство како врз основа на нечии црти на лицето да оцените каков е во кревет.
Верувале или не, подочниците многу повеќе говорат за нечиj сексуален апетит. Луѓето кои имаат дебели и големи подочници често размислуваат за сексот и имаат многу силно либидо, а оние со тенки подочници се уште понезаситни по тоа прашање.
Кога сме кај очите, темни очи имаа страстните личности кои обожаваат долготраен секс полн со уживање, тешко се отвораат, но кога тоа ќе им успее, партнерот/ката ја чека вистински динамит во кревет.
Светли очи имаат личностите кои е лесно да се задоволат, но со оглед на тоа што постојано се во потрага по нови предизвици не се баш претерано верни.
Густите и дебели веѓи веднаш ќе ви кажат дека станува збор за личност која е многу сексуална и сака да експериментира, што вклучува и неверство, додека оние со ретките веѓи и не се многу заинтересирани за дружење под чаршавите.
Рамен или благо грбав нос имаа личностите кои обожаваат интензивен секс и ги знаат сите пози, а додека оние со прчлест нос очекуваат сексот да биде романтичен, со традиционалните пози и без експерименти.
За крај полни усни имаат сензуалните личности, а ако имаат и голема уста се работи за потентни личности кои обожаваат да го задоволат партнерот. Од друга страна, пак, луѓето со тенки усни се верни и посветени.
Набљудувајте го малку луѓето околу себе, можеби некој пријатно ќе ве изненади.
Подготви: К. А.
