ДОКТОР ОЗ: Познатиот ТВ-доктор призна дека неговите совети не дејствуваат (ВИДЕО)
(Фото: awakenedfilms.com) Под притисок на Конгресот, најпознатиот американски ТВ-лекар, доктор Мехмет Оз, се согласил да помогне да се стави крај на бескрупулозните огласувачи кои го користат неговото име за да ги промовираат своите „чудотворни таблети и пијалаци“ што им се продаваат на милион Американци кои очајно се обидуваат да ги намалат килограмите.
Д-р Оз се појавил пред Сенатот, каде што претседателката на здружението за заштита на потрошувачите, Клер Мекаскил, го нападнала поради тврдењето за слабеење кое го изнел во неговото шоу. Притоа, кардиохирургот признал дека неговите приказни за зеленото и другите производи биле „накитени“ и ветил дека ќе објави точен попис на производите за кои верува дека би можеле да им помогнат на луѓето при слабеење и подобрување на здравјето, пишува „Хафингтон пост“. Мекаскил го соочила доктор Оз со епизода од неговото шоу од 2012 година каде што тој изјавил дека ектрактот од зелено е магичен лек за слабеење на сите типови луѓе.
– Сфаќам дека правите многу добри работи со своето шоу, но не разбирам зошто говорите работи за кои знаете дека не се точни – рекла таа. Докторот на тоа одговорил дека верува во сугестиите што ги дава во шоуто, но дека истите се краткотрајни решенија што ги пробале и членовите на неговото семејство.
– Но, не постои магична таблета која ќе влијае и ќе биде долгорочна, без правилна исхрана и вежбање – признал тој.
Мекаскил му одговорила дека научниците се против него.
– Производите ги нарекувате чудотворни. Кога еден производ ќе го наречете чудотворен, а тоа е нешто што може да се купи, им давате на луѓето лажна надеж, па не сфаќам зошто го правите тоа – рекла таа. Од друга страна, доктор Оз кажал дека никогаш не споменувал имиња на брендови, ниту пак промовирал одреден производ.
– Ако го видите моето име, лице или шоу на каков било оглас или реклама, да знаете дека тоа е нелегално – порачал тој.
(Телеграф.мк/www.huffingtonpost.com)