Занимливости

Хорор на породување: Студент по медицина по грешка му го пресекол пенисот на бебето

Студент по медицина по грешка му го пресекол пенисот на бебето при пораѓањето во болницата Салтила во Мексико, бидејќи мислел дека станува збор за папочна врвца. Иако со години студира медицина, овој иден лекар направил шокантна грешка во салата за породување.

Кулминација на целиот настан е тоа што страшната глетка се обиделе да ја сокријат од родителите на новороденото момче, залажувајќи го таткото дека го оперирале бебето за да ја поправат штетата.

 Таткото на бебето Дијего Рангел почнал да се сомнева дека нешто не е во ред бидејќи ни по два часа по породувањето не го пуштиле да го види бебето.  Персоналот на болницата го уверувал дека неговиот син имал мала повреда, па тој побеснел кога ја дознал вистината.

Работата да биде полоша, додека хирурзите се обидувале да го наместат пенисот на бебето, направиле уште поголема штета.

– Кога мојот син се роди и кога му ја пресекле папочната врвца, му го повредиле пенисот. За жал кога хирургот почнал да го зашива, направил две нови повреди, длабоки скоро два сантиметри – раскажал бесниот татко.

На крај успеале да му го зашијат пенисот на бебето, но мајката Зумел Контрерас се уште е бесна и инсистирала на тоа дека нејзинотот бебе требало да добие професионална нега.

Болницата започнала истрага за овој случај која е поддржана од мексиканските власти.

 

Подготви:Б.В.

фото:www.dailymail.co.uk


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button