Мажите на прагот на 40-те се помалку привлечни за жените
Според најновото истражување спроведено на Универзитетот во Манчестер, мажите на прагот на 40-те години стануваат помалку привлечни за жените.
Резултатите покажале дека во просек 6 од 10 жени изјавиле дека кога мажите ќе наполнат 39 години не ги гледаат повеќе со романтичен поглед и не ги доживуваат како сексуално привлечни, пренсува „Дејли меил“.
Жените како причина за ваквата промена ги навеле лошите заби, вишокот килограми, појавување бели влакна, ќелавоста и подбрадокот.
Кога годините ќе почнат да се „гледаат“ на мажот, жените се помалку заинтересирани за флерт и запознавање, па многу жени рекле дека мажите на таа возраст им се речиси невидливи.
Четириесеттите години се и повеќе од деликатни за секој маж па изгледа дека на таа возраст ќе имаат повеќе маки да освојат жена.
Подготви:Б.В.