Занимливости
Рецепт: Мафини со тиквички и фета сирење
Состојки:
3 јајца
100 мл млеко
100 мл маслиново масло
60 грaма фета сирење
2-3 лажички црни маслинки
300 грама брашно
1 прашок за печиво
2 тиквици
сол, бибер, оригано
Подготовка:
Со миксер изматетеги јајцата, млекото, маслото, фета сирењето и крупно исечканите маслинки. Измешајте ги брашното и печивото, па додадете ги во смесата од јајца. Ставете сол и бибер по вкус. Крупно изрендајте ги тиквичките во садот со тестото. Додадете оригано и повторно се добро измешајте со дрвена лажица. Распоредете ја смесата во калап за мафини обложен со хартиени кошнички, до 2/3 висина од калапот. Печете во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути.
Подготви: К. А.
Фото: SHUTTERSTOCK.COM
