Занимливости

Facebook страната Здрава бременост со совети и за постпородилниот период





bebe-meche

Со цел поголема достапност на стручни совети и информации за негата на новороденчето, како и сите важни аспекти на постпородилниот период, а со тоа и олеснување на родителската улога, на Facebook страната „Здрава бременост“, креирана од Министерството за здравство, е достапна брошура „Информации и совети за новите родители“.

Брошурата е изготвена од Заводот за мајки и деца, а печатена од Институтот за јавно здравје во рамки на активностите од Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца, соопшти денеска Министерството за здравство на чија веб страница е достапна брошурата преку  линкот http://zdravstvo.gov.mk/broshura-so-informacii-i-soveti-za-novite-roditeli/.

Брошурата содржи стручни совети и информации за повеќе аспекти на постпородилниот период, меѓу кои: нега на новороденче, совети за правилно доење, придобивки од доење, симптоми кај новороденче за кои се препорачува да се побара медицинска помош, како и општи препораки за родители и родителска грижа.

Од наредната недела на Facebook страната Здрава бременост на поставените прашања во врска со постпородилниот период ќе одговараат доктори од Заводот за мајки и деца, при Здравствен дом Скопје. За терминот во кој докторите ќе одговараат на прашања поврзани со постпородилниот период, заинтересираните ќе бидат навремено информирани на Facebook страната, се вели во соопштението.












Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button