5 причини заради кои лукот е супернамирница
Недела, 06 Април 2014 10:36
Лукот е една од главните намирници во секоја кујна. Но лукот не треба да го цениме само затоа што е добар на вкус, туку и затоа што има нутритивни вредности кои го прават супернамирница.

Здраво срце – Лукот е одличен за здраво срце и крвни жили. Тој спречува згрутчување на крвта и го намалува нивото на маснотии во крвта. Лукот е одлична намирница за спречување на инфаркт.
Ги зајакнува коските – Лукот помага да се зачува густината на коските заради што е идеална намирница, посебно за жените кои се во менопауза.
Се бори проитв воспаленија – Благодарејќи на антиоксидантите кои ги содржи, лукот ги ублажува воспалувачките процеси во организмот.
Се бори против тумор – Лукот е одлична намирница за борба против тумор. Докажано е дека и умерено јадење на лукот го намалува ризикот од неколку врсти тумор.
Шеќер во крвта – Лукот е познат по тоа што го одржува нивото на шеќер во крвта.

