Мажите и жените различно сонуваат
Во сонот на мажите честопати се појавуваат непознати лица, додека кај жените тоа се луѓе од доверба.
Мажите често сонуваат за секс, работа и физичка агресија, додека жените сонуваат за семејството, домашни обврски и облека, вели професорот Михаел Шредл од Институтот за ментално здравје во Манхајм.
Во сонот на мажите честопати се појавуваат непознати лица, додека кај жените тоа се луѓе од доверба, додава Ханс-Гинтер Вес, шеф на одделот за паметење на соновите на Фалзклиникум, психијатриската болница во германија.
Германските експерти ги прегледале сведоштвата за соновите на неколку илјади лица од Германија од 1956 до 2000 година.
Во заклучоците, кои се објавени во магазинот „Psychologie heute“ се наведува дека половите разлики во сонот не се многу променети, баз разлика на 40-годишната еманципација.
Подготви: К. А.
