Водата со јаболко и цимет ги топи калориите
Освежете го организмот со помош на вкусен напиток без калории, кој може да ви го забрза метаболизмот.
Антиоксидансите од циметот го стабилизираат нивото на шежер во крвта и ја намалуваат потребата за јаглехидрати, притоа не поттикнуваат претерано лачење на инсулин, што е важен фактор доколку сакате да изгубите на тежина.
Стручњаците наведуваат дека употребата на циметот го става под контрола лачењето на инсулинот, што овозможува успешно топење на масните наслаги.
Истражувањата покаќале дека со земање на половина лажичка цимет на ден може да го намалите нивото на лошиот холестерол во крвта. Исто така тој помага кај ложата дигестија и влијае врз намалувањето на триглицеридите.
Комбинацијата на јаболко и цимет фантастично го регулира метаболзмот и ефикасно ја намалува тежината елиминирајќи го вишокот на задржани течности од организмот.
За подготовката на ваков освежителен напиток ви е потребна едно јаболко, 1 стапче цимет или 1 лажичка цимет во прав и 1,5 литар зовриена вода. Јаболкото исечкајте го на парчиња и ставете го во сад, додајте едно стапче цимет и прелијте го изладената вода. Оставете да отстои 2 часа. Пијте го напитокот во текот на целиот ден.
Подготви:Б.В.