5 намирници кои ќе ви помогнат да престанете да пушите!

Верувале или не, тајната на успехот се крие во она што го јадете!
ПОРТОКАЛИ

Ова овошје е полно со витамин Ц, супстанца која го зголемува бројот на бели крвни зрца. Конзумирањето на портокали му помага на организмот во борбата против токсичните материи кои се собрале во организмот со пушачкиот стаж.
За многумина изговорот е дека не ги оставаат цигарите од страв да не се здебелат. Меѓутоа, портокалите го забрзуваат метаболизмот, а со самото тоа го спречуваат таложењето на несаканите килограми. Исто така, тие го намалуваат стресот, а витамините во секој портокал се одлични и за закрепнување на кожата.
КИВИ

Пушењето го снижува нивото на витамините А, Ц и Е во човечкото тело. Затоа е важно да ги надополните. Верувајте ни на зборот, нема подобар намирник кој ќе ви помогне да ги вратите во рамнотежа белите дробови и останатите органи, дури и ако сте биле најстрастен пушач!
ВОДА

Цигарите го доведуваат нашиот организам до дехидрација. Затоа е важно да се надополни изгубената течност.
Доколку се борите против зависноста, ви препорачуваме да пиете осум до десет чаши вода на ден. Кога и да посакате да запалите цигара, вие земете неколку голтки вода. Исто така, оваа животна течност, значително побрзо ќе го прочисти вашето тело од никотин, катран и сите други отрови.
СПАНАЌ

Истражувањата покажуваат дека пушачите имаат пониски залихи на фолна киселина од непушачите. Витаминот Б9 е клучен за оджување на мускулите, нервите и здравјето на мозокот.
Овие супстанци, но и клучни минерали, најмногу ги има токму во омилениот намирник ја Попај.
МОРКОВИ

Морковите се одличен избор за одвикнување од пушењето, особено ако се определите да пиете сок богат со витамини, а посебно со бета-каротен.
Исто така, истражувањата покажаа дека на многумина токму грицкањето на моркови им помогнало да ги фрлат цигарите еднаш засекогаш.