Рецепт: Сладок грев – мафини прелиени со чоколада
Состојки:
3 лажици гриз
350 г нискокалорично крем-сирење
75 г путер
80 г шеќер
2 јајца
половина лажица екстракт од ванила
1 лажица рендана кора
малку сол
100 г скроб
1 лажичка прашок за печиво
75 г чоколада за готвење
Подготовка:
1. Подмачкајте го плехот за мафини и посипете со гриз. Добро исцедете го крем-сирењето. Загрејте ја рерната на 200 степени. Пенасто изматете го путерот со шеќер па измешајте едно по едно јајце. Ставете го крем-сирењето, екстрактот од ванила, кората од лимон и солта.
2. Измешајте го скробот и прашокот за печиво, просејте го смесата и измешајте.
3. Сипете ја смесата во калапите за мафини и печете околу 40 минути, додека не добиете златнокафена боја (по потреба по 25 минути прекријте со алуминиумска фолија).
4. Извадете од рерната и оставете малку да се излади. Потоа извадете ги мафините од калапот, па по желба посипете ги со шеќер во прав, а потоа прелијте со растопената чоколада.
Подготви: К. А.
Фото: Thinkstock
