Секс лекции кои мажите мора да ги совладаат за време на 20-тите години
Кога ќе погледнете наназад и направите ретроспектива на сексуалниот живот, веројатно ќе ви дојде некое сеќавање од кое посакувате да пропаднете во земја. Ама хеј, веројатно секој има по некое лошо искуство. Затоа е и најважно да ги научите соодветните лекции со време.

Периодот на 20-тите години кај мажите е вистинското време за секс лекции, а според AskMen ова се 10-те кои треба да ги научите во тој период.
10. Жените знаат да бидат навистина лоши во сексот
Во почетокот ќе ви биде важно само да имате секс (нешто за што ќе бидете многу благодарни), но потоа кога ќе си дозволите да направите дистинкција во поглед на тоа што е добар, а што е лош секс може да дојдете до „шокантниот заклучок“ – некои жени не ги бидува во креветот.
9. Зборување во креветот
Во почетокот ќе ви биде непријатно да кажете збор, ама доаѓа оној момент кога треба да си кажете што ви се допаѓа во кревет, а што не. Видете, никој не може да ви ги чита мислите и да очекувате дека таа само по себе ќе сфати какво темпо посакувате. 20-тите години се време кога учите што сакате, а што не.
8. Жените и оргазмот
Можеби е глупаво да признаете, ама кога сте помлади ама баш ви е гајле дали жената ќе доживее оргазам. Тогаш себично мислите на себе, а и немате некое искуство. Но, кога еднаш ќе ви се пожали дека со вас никогаш не доживеала оргазам, тогаш е моментот кога сè се менува и себичноста во креветот исчезнува.
7. Фантазиите и практичноста
Периодот во кој единствен допир со сексот ви е фантазијата си замислувате различни сценарија во кои вие правите нешто во креветот или таа го прави за вас. И ќе дојде оној ден кога ќе сфатите дека некои фантазии во пракса се исклучително незгодни. Дваесеттите години се период во кој треба да се освестите и реално да согледате како фантазиите излегуваат во пракса.
6. Пијаниот секс е тапа
Да, особено во раните 20-ти не можете да замислите да имате секс без малку охрабрување од алкохолот. Но, генерално пијаниот секс знае да заврши така што ќе си паднете онесвестени за време на чинот.

5. Бившите на другарот
Ајде додека сте навистина млади и сте во тинејџерски години, можеби ви изгледа дека не е (иако е) ништо страшно ако спиете со некоја бивша на вашиот другар Но, кога веќе раснете треба да си ставите прст на чело пред да направите ваква глупост. Од 20-тите натака врските добиваат ново значење и вие не би биле ни малку добар пријател, ако имате секс со некоја која го откачила пред извесно време вашиот другар.
4. Слики од гениталии
Од некоја причина дел од мажите сметаат дека е сосема океј ако на некоја девојка и пратат слика со своите гениталии. Никогаш не е океј. Ниту кога сте помлад, а уште помалку кога веќе имате 20 и кусур години.
3. Зборување „валкано“ во креветот
Валканиот говор во креветот е вештина која некои мажи никогаш нема да ја научат. Тоа е сосема во ред, сè додека оној кој не знае кога и што да каже ќе ја отвори устата. Во таквите мигови може да дојде до толку непријатна ситуација што ќе и одмили сексот со вас.
2. Предиграта е задолжителна
Во почетокот само ви е мило што сè поминало како што треба. После одредено искуство ќе научите дека предиграта е задолжителна. Тоа е нешто што не смеете да го заборавите. Никогаш.
1. Држете си ја устата затворена
Кога сте тинејџер фактот што сте имале секс може да ве натера да посакате да викнете и на цел глас да го објавите тој факт. Но, после ќе сфатите дека никој не сака да ги слуша фалбаџиите. Почнете ли да зборувате колку добро сте си поминале со неа и што сте правеле, шансите дека ќе го повторите тоа ви се скоро нула. Мислите дека не се дознава?
