Љубов и секс

Ново контрацептивно средство за мажи


„Машката таблета“ со чија помош мажите не би стравувале дека нивната партнерка ќе остане бремена, е на чекор до реалноста.

Научници во Австралија пронашле реверзибилен начин на спречување сперматозоидите да влезат во ејакулатот и притоа да не влијае на сексуалната функција.

Тестовите врз животни покажале дека сперматозоидите за време на сексуалниот однос може да се задржат во своевидно „складиште“, пишува списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

Досега потрагата по машка контрацепциска таблета главно се сведувала на тоа мажите да произведуваат нефункционални сперматозоиди.

„Тоа со лекови може да се постигне, но се јавуваат несакани нуспојави“, вели Санатино Вентура, водач на истражувањето на Универзитетот Монаш во Мелбурн.

Поради тоа научниците од Монаш испробале поинаков пристап. Вообичаено, сперматозоидите од семеноводите одат кон тестисите непосредно пред ејакулација.

Научниците создале генетски модифицирани глувци кои не биле во можност да ги истиснат сперматозоидите од семеноводите и со тоа станале неплодни.

„Процесот е реверзибилен и не влијае на квалитетот на сперматозоидите. Сега тоа кај луѓето мора да го направиме фармаколошки и најверојатно со помош на два лека“, рече Вентура.

За првиот лек, веруваат оти веќе постои и со децении се користи за пациенти со бенигно зголемување на простатата. Вториот, меѓутоа, ќе мора да го развијат од нула, и тоа би можело да потрае и цела деценија.

6.12.2013

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button