Љубов и секс

ИДАТ ПРАЗНИЦИ: Ако не сакате да забремените, спремете си кондоми

Новогодишните и божиќните празници се време од годината кога сите уживаме во прослави и конечно имаме доволно време и право малку да се опуштиме. Меѓутоа, релаксираноста со себе носи и доза ризик, особено кога станува збор за сексот. Најновото истражување покажува дека за време на новогодишните и на божиќните празници ризикот од непланирана бременост се зголемува за дури 51 процент.

Фото:indiavision.com

Фото:indiavision.com

Во текот на празнувањето понесени од атмосферата жените почесто забораваат да се напијат пилула за контрацепција или забораваат колку е важно да се користи кондом во текот на сексуалниот однос. Причините за тоа се поголемите дози алкохол, забрзаноста заради подготовките за славење и за патувања надвор од местото на живеење.

Фото: Телеграф.рс/Промо

Фотоилустрација: Телеграф.рс/Промо

Фармацевтската компанија „Лојдс“ интервјуирала 2000 жени и открила дека секоја шеста испитаничка заборава дека е време да се напие контрацептивна пилула заради пијанство, додека на секоја седма тоа ѝ се случува заради брзање и преокупираност сè да биде готово и на време. И кога целата ука-бука околу подготовките за дочекот на Новата година и на Божиќот се смири, околу 28 проценти од дамите ќе ја прескокнат пилулата зашто заборавиле да ја понесат со себе, особено ако за празниците патуваат во посета на семејството или на пријателите.

Фотоилустрација:Телеграф.рс/Промо

Фотоилустрација:Телеграф.рс/Промо

Резултатот од тоа е дека 13 проценти ќе се напијат „таблетка за следното утро“ со цел да ја спречат бременоста. Многу жени, а особено девојки не го преземаат овој вид на итна заштита од несакана бременост, па така секој септември се раѓаат најголем број на непланирани или непосакувани деца. Статистиките се поразителни и во однос на абортусите во тој период, имено најголем број абортуси се вршат во периодот од три месеци по празниците.

Заради тоа мислете на време!

(Телеграф.мк/Телеграф.рс)

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button