ХОРОСКОП: Водич за Денот на вљубените
(Фото: Zumi.md) Може да ја искористите моменталната положба на планетите за Денот на вљубените и на подобар начин да прославите со саканата личност. Направете нешто поинакво од досега или ако немате идеи, водете се според вашиот хороскопски знак и видете што ви препорачува астрологијата.
Овен
Ќе ви годи да бидете во близина на вода или место кое наликува на сцена од филм или странски град. Овните сакаат оригинални подароци со личен печат, како шолја или маица со нивниот лик со испишана креативна порака. За жените е идеален подарок ваучер за во спа-центар, особено ако подразбира и услуга кај фризер.

Бик
Обожаваат храна и често својата наклонетост ја покажуваат во текот на готвењето на оброкот. Изненадете го Бикот со нешто што ќе го подготвите во својата кујна, покажете дека се трудите да оставите ваш личен печат. Идеалниот подарок за Бикот е нов музички диск кој сака да го слуша, шал или марама со лична порака, парче накит или интересна рамка за слика.
Близнаци
За Близнаците идеален подарок би било бегството од секојдневието. Однесете го во ресторан надвор од градот, на место каде што не бил, во мрачна и романтична атмосфера. Подарете му нов мобилен телефон кој го посакува или некој додаток за компјутерот со симпатична порака.

Рак
На многу од Раковите прво ќе им годи пријатна романтична вечера, а потоа луда забава во ваше друштво. Навистина се емотивни, па ќе им значи ако нешто смислите специјално за нив. Спојте некој албум од заеднички фотографии од различни ситуации и напишете како вие сте ги доживеале. Исто така, одберете ја неговата омилена музика и целосно ќе ви се предаде.
Лав
Лавовите се секогаш сентиментални во овој период од годината. Одведете ги на некое отворено место и покажете им значење. Разговарајте за заедничките желби и интереси бидејќи така ќе му ја поттикнете фантазијата. Дури и излегувањето во кино пријатно ќе го изненади, особено ако е во прашање филм за кој читал позитивни критики.
Лавиците сакаат сè што светка, особено накитот. Мажите за идеален подарок го сметаат часовникот, брендирано пенкало или слично.
Девица
Секогаш е проблемот да опуштите една Девица бидејќи тие генерално не сакаат изненадувања. Токму затоа, не би било лошо да поразговарате со партнерот за местото на кое би го поминале заедничкото време. Запаметете дека Девиците се практични и склони да детализираат, па насочете се на она што го знаете или е проверено дека ќе им се допадне.

Вага
Наутро пуштете ѝ порака дека мислите на неа. Потрудете се Вагата да ја одведете на некое гласно и специфично место кое крие некоја интересна приказна. Вагите обожаваат естетика, така што подарокот треба да биде привлечен за око. Потрудете се околу пакувањето бидејќи тоа е нешто што прво ќе го забележат. Никогаш нема да погрешите и со парфем или интересна ламба.
Скорпија
Скорпиите се со променливо расположение, па ќе направите полн погодок ако ја однесете на место на кое се чувствува пријатно или на место каде што често излегува. Не е потребно да експериментирате и да водите сметка дали ќе биде прегласна музиката. Подарокот би требало да биле личен и нешто што може да го користи секојдневно. Некој топол џемпер ќе ја воодушеви Скорпијата.

Стрелец
Стрелците обожаваат изненадувања. Одведете ги на некое место каде што досега не биле, некаде каде што служат добри и обилни порции на храна. Уште подобро е ако можете да му приредите изненадување во смисла на подарок кој би го донел келнерот во текот на вечерата. Нема да згрешите со карти за викенд-патување или некое интересно случување во градот.
Јарец
На Јарците им годи домашна атмосфера или излегување на место кое се наоѓа во близина на неговиот дом. Не се големи авантуристи и не сакаат многу да експериментираат. Ако не сте сигурни за подарокот и што да му подарите на Јарецот, скеогаш користете помош од неговите пријатели и нема да имате дилема.
Водолија
Секогаш се оригинални и интересни, така што препорачливо е и местото на кое ќе ги одведете да биде такво. Мора да ужива со сите сетила, од уредувањето на тој простор до музиката. Околу подарокот ќе мора да се потрудите. Ретко што може да ги воодушеви Водолиите. Советот е тоа да биде или нешто современо и ново, како парче гардероба што ќе биде актуелна сезонава или нешто што самите сте го направиле.

Риби
Рибите се навистина сентиментални и романтични. Ќе им се допадне нешто што е лично поврзано со вас. Одведете ги на место на кое сте доживеале некои убави работи и заедно потсетете се на тоа време. Кога се подароците во прашање, немојте да се обидувате со скапи работи. Нека биде нешто што ви припаѓа вам, како ваша омилена маица или шолја за кафе.
(Телеграф.мк)



