Љубов и секс

3 добри причини зошто да не му се враќате на бившиот партнер


3 добри причини зошто да не му се враќате на бившиот партнер


Сигурно многу девојки и момци во својот живот поминале низ стресно раскинување. Некои од нив се уште се загреани за бившиот партнер, без разлика дали причината е долгата врска која станала навика или обичната опсесија.

3-dobri-pricini-zosto-da-ne-mu-se-vrakate-na-bivsiot-partner-01

Ова се 3 добри причини зошто да уживате во вашиот сингл статус и да не го лепите веќе скршеното огледало.

Старата книга нема да ве научи на ништо ново

Дали кога една книга ќе ја прочитате, при повторното читање ќе ви претставува исто задоволство?

Сигурно дека не. Исто е со старата врска. Зошто да ја читате истата книга кога веќе го знаете крајот на приказната.

Скршено – залепено, повторно ќе пукне на истата скршеница

Тоа што се случило еднаш, не мора да се повтори. Но, ако се случило два пати сигурно ќе се случи и трет пат.

Доколку сте раскинале повеќе од еднаш, голема е веројатноста истото да се случи повторно.

Секогаш може да најдете подобар партнер

Како што рекле старите, има многу риби во морето. Оставете бурата после раскинувањето да стивне. Контролирајте ги емоциите и реакциите.

По одреден период ќе сфатите дека вашиот бивши партнер и не бил толку добар и згоден како што сте го перцепирале. Запомнете дека секогаш има некој подобар за вас.

Потсетете се колку сте прекрасни и започнете потрага по нова љубов која ќе ви донесе возбудливи моменти.

Има причина која заборавивме да ја споменеме?

Би можело да ве интересира:
Препорачуваме: Книги за љубители на патувањатаПрепорачуваме: Книги за љубители на патувањата…
Велат дека патувањето е книга, а оние кои не патуваат ги читаат само првите страни. Доколку сте аван…
Направи сам: Еко ежиња за вашиот дворНаправи сам: Еко ежиња за вашиот двор…
Ако сте љубител за уредување на вашиот двор или мини градина, тогаш овие интересни и слатки ежиња се…
Направи сам: Нишалка за двор или терасаНаправи сам: Нишалка за двор или тераса…
Ако веќе останувате дома ова лето, направете нешто забавно во вашиот двор или тераса. Супер би било …


Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button