6 нешта кои би било добро да ги имате во неговиот стан

Не можете баш секогаш да го испланирате ноќевањето во гнездото на вашиот партнер, па затоа не би било лошо да имате неколку нешта „за прва помош“.
Објаснете му на својот сакан дека не сакате да се преселите, туку дека сакате само нормално да изгледате кога ќе тргнете некаде надвор од станот.
Еве кои се шесте ситници кои ви се неопходни:
Марамчиња за отстранување на шминка
Сигурно не сакате да спиете со шминка на вашето лице. Замислете само како ќе изгледате кога ќе се разбудите утрото.
Лосион за чистење на лицето
Марамчињата се одлична опција за прва помош, но за жал не ја отстрануваат шминката во целост. Затоа лосионот за чистење е неопходен.

Ноќна крема за лице
Додека спиеме, кожата засилено ја губи влажноста, па затоа е многу важно да ја надоместите хидратацијата со употреба на ноќна крема.
Дневна крема за лице
Употребата на дневна крема за лице е неопходна додека сакате да имате негувано и чисто лице.
Четкичка за заби
Дали има потреба посебно да објаснуваме зошто е оралната хигиена најважна?
Тонирана крема
Кога ќе тргнете надвор од љубовното гнездо, малку тонирана крема ќе ве освежи и ќе ви го разубави утринскиот изглед.

