Колку секс е нормално да се има?

Точен или најправилен одговор на ова секогаш присутно прашање едноставно нема затоа што количината на секс во некој однос зависи од индивидуалните потреби, желбите и можностите. Либидото на секоја личност е на различно ниво и не мора да значи дека и вие и вашиот партнер, кога станува збор за сексот, сте на иста “бранова должина”.

Од друга страна, либидото на двајцата партнери може да биде на еднакво ниво и водењето на љубов секогаш да е на обострано задоволство, без оглед дали истото ќе се практикува еднаш во неделата и еднаш во месецот. Она што е најважно е фактот дека луѓето не треба да се грижат за бројките и статистиките на другите парови, се додека самите тие се задоволни од количината на секс во својот живот.
Токму затоа луѓето не треба да се грижат доколку посакуваат секс секој ден или пак неколку пати во текот на еден ден, или можеби сакаат да уживаат во сексот поретко, еднаш во неделата или еднаш во месецот. Човечката сексуалност е навистина голем спектар кога станува збор за сите можни преференции и исто како што секој човек сексуално се возбудува од различни нешта, пози и движења, тешко е да се говори и за нормална количина на секс.

Иако постојат бројни студии на оваа тема и истите пласирале одредени статистички податоци, овие бројки не мора да претставуваат загриженост за оние кои не се вклопуваат во наметнатите граници. Она што е најважно е сопственото задоволство и можноста за здрав разговор за сексуалниот живот со вашиот партнер.
Доколку вашите потреби се разликуваат со оние на вашиот партнер, обидете се да пронајдете компромис и да разговарате за тоа. Здравата комуникација е темел на секој успешен однос, без оглед на тоа за кој проблем станува збор.
