Знаци кои треба да ги препознае секоја жена кај мажите
Многу пати до сега сме напоменале дека говорот на телото може да ви открие многу нешта за личноста наспроти вас. Проверете на што треба да посветите внимание при средба со ново момче и откријте дали е тој соодветен за вас.

Истакнување на палците
Палците се симбол на супериорноста на човечкиот род и укажуваат на силата на карактерот и на егото. Говор на тело што вклучува палци покажува колку е човекот самоуверен, па мажот често несвесно ги насочува палците кон жената што го интересира. Тие се склони додека ги „истураат“ палците да се креваат на прсти и да се клатат напред-назад за да изгледаат повисоки одошто се.
Истакнување на препоните
Мажот склон на вакво однесување обично цврсто стои на земјата со двете носе, а со истакнување на гениталиите настојува да покаже дека е мачо-тип. Често се врти кон жената што го интересира и ја гледа во очи подолго од вообичаеното.
Каубојска поза
Палци потпрени на ремен или на аглите на џебовите се дел од типичниот став на нападните мажи. Оние што заземаат ваква поза настојуваат на другите мажи да им покажат дека ќе ја бранат својата територија. Ако така застане и кога ќе здогледа жена, таа веднаш ќе забележи што има на ум.