Фитнес

Најчестите митови за вежбањето

Колку различни совети сте добиле досега кога станува збор за вежбањето? Веројатно толку многу што веќе не знаете што е вистина, а што мит. Токму затоа најдобро е да ги послушате оние кои го посветиле целиот живот на вежбањето – фитнес тренерите.

Фитнес тренерот Џенифер Бурк со своите совети ќе ви помогне да ги разбиете најчестите митови за вежбањето.

Повеќе тежина, повеќе мускули

Бурк вели дека многу жени мислат дека вежбањето со тегови со поголема тежина ќе направи да добијат премногу мускулесто тело. Но, таа вели дека ако не внесувате дополнителни калории во исхраната, ниту тестостерон нема зошто да бидете загрижени.

Исто така многумина мислат дека кардио вежбите се најефективни, но најдобро е да се додадат вежби за издржливост, односно вежби кои подразбираат големо физичко оптеретување. Резултатите брзо ќе дојдат бидејќи на овој начин влијаете на мускулното ткиво.

Не е важна само тежината

Иако е точно дека мускулите се потешки од масното ткиво, имајте на ум дека мускулното ткиво има покомпактен изглед. Тоа значи дека два килограми мускули се големи колку една дланка, а два килограми масни наслаги зафаќаат големина колку една подлактица.

Побрзо или побавно

Постои заблуда дека справите треба да ги наместите на побавен интензитет за да согорите повеќе калории. Но, Бурк вели дека тоа воопшто не е точно, напротив поголем интензитет значи поголема потрошувачка на калории.

Проблематични делови од телото

Да речеме дека сакате да ги отстраните масните наслаги од делот кај стомакот. Тоа значи дека треба да правите стомачни вежби така? Погрешно.

Потребен ви е целосен кардио тренинг за да го елиминирате салото во одреден дел од телото. Кардио тренингот ќе го согори салото кое се наоѓа насекаде по телото. После тоа само треба да практикувате вежби за издржливост.

Мускулите не се претвораат во сало

Мускулите не можат да се претворат во сало, дури ни кај оние луѓе кои постојано јадат и лежат. Во тие моменти се добива масно ткиво, а се губи мускулното. Кога вежбате пак се случува обратното, го губите салото, а добивате мускулно ткиво.

Не претерувајте со вода

Постојано сме предупредувани дека мора да внесуваме доволно количество вода, но и во тоа може да се претера што може да има лоши последици. Тоа е состојба кога доаѓа до нерамнотежа меѓу количеството на вода и сол во телото и е познато како труење со вода. Затоа и се вели дека не смеете да пиете вода со сила, односно и кога не ви се пие.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button