Фитнес

Зачини кои имаат лековита моќ

Луѓето често ги употребуваат зачините за да и дадат посебен вкус на храната. Има многу различни видови на зачини, а вкусовите се индивидуални. Но дали знаете дека зачините можат да бидат благопријатни за организмот?

Цимет

Циметот делува превентивно против кардио-васкуларни заболувања но и против дијабет. Според најновите истражувања направени од Американските научници, циметот може да го снижи нивото на шеќер за 20 %. Освен тоа циметот има и антифунгално својство т.е може да ги уништи габичните инфекции или да го спречи нивниот раст.

 Ловоров лист

Ретко кој го употребува, меѓутоа на сите им е познат. Па можеби е и време да почнете да го употребувате почесто бидејќи е одличен антисептик, ги лекува проблемите со желудникот и ја поттикнува правилната дигестија. Ловоровиот лист е препорачлив во месната исхрана бидејќи содржи ензими кои ќе го подобрат варењето.

 Чили

Одличен зачин, многумина едноставно го обожаваат, а ако и вие сте еден од нив не грижете се бидејќи чилито е одличен, вкусен и здрав зачин. Чилито ја подобрува циркулацијата, делува стимулативно на организмот, го намалува крвниот притисок, го намалува холестеролот и одличен е за луѓе кои планираат да ослабат некој килограм.

 Бибер

Биберот е зачин кој може да се додава во многу јадења. Тој ја подобрува дигестијата, а според многу истражувања ги уништува бактериите во храната кои можат да предизвикаат труење. Одличен е за луѓе кои патат од ревматски заболувања, има бактерицидно дејство а го штити и видот.

Извор: За Здравје

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button