Фитнес

Како да стекнете рутина на утринско вежбање?

Како да стекнете рутина на утринско вежбање?

Ако изговорот за премногу обврски и недостаток на време ви звучи познато, тогаш сигурно не сте од оние луѓе што (чудесно) изнаоѓаат време за вежбање. И самите знаете дека добрата организација на времето значи многу, особено во време кога секој некаде брза, па така да немате изговори. Вежбањето треба да е дел од сечиј ден, а ако немате време за негова реализација, сте помислиле ли на вежбање рано наутро?

„Луѓето што вежбаат рано наутро се многу поиздржливи во режимот на вежбање бидејќи постојат многу помалку пречки во 6 наутро, отколку во 6 попладне“, вели фитнес експертот Chris Freytag.

Да, станувањето рано звучи потешко од самото вежбање, но со неколку совети и трикови набрзо ќе ги надминете сите пречки. Сѐ во име на одличното тело и здравиот живот.

1. Направете распоред

Не велете си: „од утре изутрина почнувам со вежбање“ туку направете организиран план со точното време на почеток и вежбите што ќе ги практикувате. Кога ќе станете треба да ви бидат потребни само неколку минути за да почнете со тренингот, а не тогаш да го осмислувате. Затоа во недела навечер направете неделен план и држете се до него.

2. Започнете го денот со вода

Иако кафето е првото нешто на што помислуваат повеќето од луѓето наутро, сепак не е добар избор кога треба да почнете со вежбање. Наместо вода, испијте 2 чаши вода, а кафето оставете го за по тренингот. Вака, освен што ќе го алкализирате телото, истовремено ќе му овозможите енергија за целиот ден и мотивација да продолжи со утринската рутина.

3. Наградете се себеси

Наградете се за вежбањето и истрајноста на секои 2-3 недели, независно дали со нов маникир или нова маичка за вежбање. Ова може да ве мотивира во вежбањето и истрајноста, а истовремено претставува таканаречен натпревар сами со себе. За поголеми цели, ветете си поголеми награди. На пример, ако се пријавите за трчање на маратон и успеете да го завршите, заминете на патувањето што толку долго го одложувате.

4. Променете го будилникот

Доколку имате будилник кој е силен, нападен и иритантен во ѕвонењето, наглото будење од него не претставува добар почеток на денот, ниту пак на вежбањето. Затоа одберете будење на поприроден начин, со звуци кои потсетуваат на природата. Уште подобро е да ги кренете ролетните пред да заминете на спиење, бидејќи светлината најдобро го регулира биолошкиот часовник.

5. Останете во пижами

Кога едноставно немате време да отидете до салата за вежбање, останете дома и вежбајте по тренингот што сте го зацртале во планот. Ако некој ден едноставно сте уморни за вежбање, пуштете ја омилената музика во брз ритам и играјте!

6. Бидете брзи

Нема пишано правило што вели дека тренингот за вежбање треба да трае 30 минути (или повеќе). Всушност, последните истражувања покажаа дека и неколкуте куси тренинзи во текот на денот имаат подеднакво бенефит како и едниот долг тренинг. Клучот е во ефикасното исползување на времето, а сигурно ќе најдете барем 15 минути за брз тренинг наутро. Па, ако најдете слободно време подоцна во текот на денот, повторете ги вежбите уште еднаш.

7. Правете го тоа што го сакате

Доколку фитнес справите не ве привлекуваат, одберете вежбање според вашиот вкус. Можеби ќе се пронајдете во зумба часовите, јогата или кикбокс тренингот? Запишете се на соодветен режим на вежбање или пак побарајте упатства на интернет.

8. Обрнете внимание на деталите

Малите нешта можат да ви дадат уште поголема мотивација за утринско вежбање. Наместо непријатните и дебели тренерки, одберете облека во живи бои што ќе му дозволува на телото слободно да дише. Пред тренингот направете си кафе што ќе биде доволно оладено за да се пие како награда по тренингот, а за цело време уживајте во позитивната музика во позадина.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button