Трчањето со партнерот = повеќе секс

За сите оние кои обожаваат да стават слушалки, да ја пуштат омилената музика, да облечат патики, да се изолираат од светот и да трчаат по долгите патеки – трчањето со вашиот партнер значи повеќе секс.
Ова е резултат на едно истражување на Brooks Running Company во кое учество земаа 1000 возрасни кои трчаат барем еднаш неделно. Им биле поставувани прашања од типот кога трчаат, за што зборуваат кога трчаат и дали веруваат дека трчањето ќе им го подобри сексуалниот живот. И да, 66% сметаат дека трчањето со партнер влијае врз сексуалниот живот.
Но, еве уште неколку фасцинантни факти:
Кога заминуваат на пат 67% од луѓето кои трчаат изоставаат дел од облеката или предмет за да можат да ги спакуваат патиките за трчање.

San Francisco е рангиран на првото место како град каде луѓето најмногу трчаат (дури 46% постојано трчајќи се качуваат по тие угорници) Portland е на второто место со 34%, потоа следува Boston (32%), Boulder (30) и New York (30)

27% од испитаниците би го одбрале Jimmy Fallon за партнер за трчање, додека 22% би ја одбрале Chelsea Handler
Кога трчаат со пријател 76% од мажите разговараат за спорт или нивниот омилен тим, додека 47% од жените зборуваат за статусот на нивните врски.