Фитнес

Ова се причините заради кои не успевате да ослабете

Постојано вежбате, внимавата на исхраната, но тоа не ви помага да постигнете никаков резултат. Каде грешите? Научниците велат дека генетиката има многу голем удел во тоа какви резултати ќе добиете кога вежбате. Тоа значи дека кај одредени луѓе некои вежби немаат ефект.

Трчање и велосипедизам

Ако трчате и активно возите велосипед, а не забележувате некој посебен напредок, тогаш вашето тело не е програмирано за ваков вид на вежби. Луѓето кои имаат соодветни гени, по многу кратко време позитивно реагираат на ваквите вежби. Тоа не значи дека треба да се откажете од ваквите вежби, бидејќи сепак се позитивни за срцето, но не очекувајте дека телото ќе ви се обликува со нивна помош.

Не можете да вежбате повеќе од пет минути

Се чудите како некој кој и не е нешто физички активен може како од шега да истрча некој километар, а вие после пет минути немате веќе сила? Научниците велат дека 50% од вашиот капацитет лежи во гените, а остатокот во кондицијата и упорноста. Значи, кој има среќа да наследи добри гени може и подолго да вежба. Ако вие сте дел од оние кои наследиле лоши гени, ви остануваат 50% кои можете да ги искористите.

Не можете да ги симнете масните наслаги од колковите

Овој проблем го имаат голем дел од жените. И повторно за ова може да ги обвините гените. Колку и да се трудите, некогаш гените не ви дозволуваат да го имате потребниот изглед. Она што ви останува е да најдете соодветни вежби кои барем ќе направат да ги обликувате и да изгледате цврсто.

Никако да добиете рамен стомак

Голем број луѓе мислат дека големиот број стомачни вежби се клучот за рамниот стомак. Во тој случај бидете подготвени за разочарување. Да речеме дека сакате да имате рамен стомак. Бидете сигурни дека тоа не се постигнува само со стомачни вежби. Всушност не може да направите да се обликува само еден дел од вашето тело. Тука голем удел има и исхраната. Ако сакате што побру да дојдете до рамен стомак, исфрлете ја брзата храна.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button