13-минутно топење на мастите со вежби
Ако сакате да бидете дел од лудилото на брзото слабеење, тогаш вежбите на фитнес тренерот Angela Leigh се совршени за вас.
Започнете со потегот 1, одмарајте 30 секунди. Направете го потегот 1 повторно, а потоа додадете го вториот, па одморете. Потоа направете ги 1,2,3, па одмор. Го сфаќате шаблонот? Стигнете до потегот 6 и вие сте готови за почеток. Правете повторувања во текот на 13 минути и тоа е сосема доволно 3 пати во седмицата во непоследователни денови. Потезите стануваат прогресивно потешки, па последниот би требало да ви зададе малку мака.
Ајде да видиме кои се потезите со кои ќе успеете да се ослободите од наталожените масти во пределот на струкот и бутините. Време е да стекнете рутина за утринско вежбање!
Потег 1
Застанете со раширени нозе, рацете зад главата и лактите кон надвор. Клекнете (како на фотографијата), станете, доближете го левиот лакот до левиот колк. Вратете се во клекната позиција. Повторете на десно. Менувајте ги страните 30 секунди.
Потег 2
Започнете во позиција за склек, а потоа спуштете се на подот, истегнувајќи ги рацете пред вас. Подигнете ги екстремитетите и главата од подот (како на фотографијата). Држете едно броење, спуштете се на подот, потоа поткренете се повторно во позиција за склек. Повторувајте 30 секунди.
Потег 3
Застанете со раширени нозе и рацете на страна. Во крената десна нога клекнете, па во скок сменете ги нозете и левото колено донесете го кон градите. Повторувајте 15 секунди, па сменете ги страните.
Потег 4
Легнете со лицето нагоре со нозете заедно кренати кон таванот. Стапалата свиткани во флекс, рацете зад главата, лактите кон надвор, рамениците подигнати. Спуштајте ја левата нога се додека не лебди над подот (како на фотографијата). Вратете се на почетокот, па повторувајте со десната нога вкупно 30 секунди.
Потег 5
Започнете на подот со тежината на рацете и нозете. Рацете под рамениците, прстите кон напред, колковите подигнати и колената свиткани. Свиткајте ги лактите за да го навалите телото кон подот, а потоа исправете ги рацете и фатете го левото стапало со дената рака (како на фотографијата). Вратете се на почетокот, па направете со другата страна.
Потег 6
Започнете во позиција за склек, па ставете ја десната рака триесетина сантиметри пред вас (како на фотографијата), па вратете се на почетокот. Направете склек. Повторете со левата рака. Ставете ја десната рака пред вас, па донесете ја левата рака да ја пресретне. Вратете ја десната рака на почетокот, па левата. Направете склек и повторувајте 30 секунди.
Потег 7
Застанете со нозете споени, рацете на страна. Трчајте во место, правејќи удари по задникот со петиците 30 секунди.
Потег 8
Застанете со раширени нозе, рацете на страна. Скокнете на лево, така што левото колено малку ќе го свиткате, префрлајќи ја десната нога позади левата, коленото свиткано и со прстите од десната рака допрете го подот на страна од левото стапало (како на фотографијата). Сменете ги страните и брзо продолжете 30 секунди.
Потег 9
Застанете со нозете споени, а дланките на подот под рамениците. Додека дланките ви се на подот, шутнете со нозете колку што можете повисоко, допирајќи ги колената до градите, враќајки се на стартот.
Потег 10
Застанете со споени нозе, колената меки, рацете заедно на градите. Со споени нозе скокнете десно колку што можете подалеку, па веднаш скокнете лево. Повторувајте, па скокнете нагоре отворајќи ги екстремитетите широко.
Потег 11
Застанете со раширени нозе, навалете се и ставете ги дланките на подот под рамениците. Скокнете со стапалата назад во позиција за склек. Потоа скокнете со нозете кон рацете и брзо скокнете горе носејќи ги колената кон градите (како на фотографијата). Вратете се на почетокот и повторувајте го истото 30 секунди.










