Размрдајте го вашиот мозок: Еве како побрзо да учите!
Сабота, 30 Август 2014 11:31
Ако сакате да му помогнете на вашиот мозок да памти подобро, постојат методи кои можат да ви помогнат.

1. Препуштете се на игрите
Решавајте крстозбор. Забавувајте се и тренирајте го вашиот мозок. Ако сакате ефектот да биде поголем, решавајте судоку.
2. Исхранувајте се правилно
Јадете риба, овошје и зеленчук. Тие добро влијаат на вашиот мозок. Она што често треба да го јадете е и црното чоколадо.
3. Престанете со мултитаскинг
Причината поради којашто не можете да запомните некои работи е затоа што вниманието ви е насочено кон многу работи.
4. Научете нешто ново
Некој инструмент, или пак некој странски јазик. Тоа помага за совладување на техниките за брзо учење.
5. Спиете добро и доволно
Научниците тврдат дека добриот сон трае минимум осум часа
6. Тренирајте
Само 20 минути тренинг дневно ви помагаат да учите и помните многу подобро.
