Занимливости

Откриена тајната за долговечноста на жителите на Окинава

Жителите на јапонскиот остров Окинава во просек живеат до 81,2 години, а според резултатите од досегашните испитувања, секоја година 427 луѓе го прославуваат стотиот роденден во животот. Каде се крие тајната на нивната долговечност?

По 20-годишно истражување, научниците од Универзитетот во Рјукју ја открија тајната и ја споделија со светот. Резултатите покажале дека тајната на долговечноста се крие во растение од семејството ѓумбир познато како Alpinia zerumbet или како што го нарекуваат жителите „getto“.

Научниците направиле еликсир од сржта на растението, а потоа го тестирале. Резултатите го потврдиле нивното мислење, растението содржи оксиданс ресвератрол што го подобрува имунитетот.

Како дел од традиционалната храна во Окинава е оризот со листови од getto, со што жителите се штитат од сезонски грип. Откако на островот се отворени ресторани за брза храна, општата здравствена слика на луѓето значително се влошила.

На островот живеат 1.2 милиони жители од кои секоја година најмалку 427 луѓе ја дочекуваат стотата година од животот.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button