Занимливости

За совршен бронзен тен: Три продукти од кои кожата побрзо потемнува

Бронзениот тен во летните денови е украс на кожата и ви дава позаводлив и посексапилен изглед.

Но, многу е важно добро да се подготвите за сонцето, како однадвор така и одвнатре. Ако сакате да добиете изедначен бронзен тен тогаш побарајте помош во овие летни продукти кои вашето тело ги обожува.

Јајца

Јајцата се преполни со витамините А, Б и Д, кои го регенираат вашето тело, но и кожата. Со омега 3 и омега 6 масните киселини, пријател на вашиот тен е и витаминот Б6 кој се наоѓа во жолчката, а поради која кожата добива заштитен слов во облик на темни пигменти кои ја штитат.

Јајцата можете да ги јадете и во облик на омлет, како јајца на око или пак како варени јајца. Комбинирајте ги со свежо сирење бидејќи тоа содржи поголемо количество на калциум кој исто така влијае на брзината на обновувањето и потемнувањето  на кожата, како и  маслиновото масло кое ја ревитализира и ја регенерира кожата.

Моркови и сирење

Освен што е вкусен додаток на јадењата, морковот е преполн со состојки кои ја штитат кожата од штетните УВ-зрачења и е солидна подготовка за сончање. Станува збор за бета-каротенот кој го има во големи количества во морковот.

Кога бета-каротенот ќе се претвори во витамин А, кожата ја добива потребната заштита и ја штити кожата од изгореници така што го активира меланинот кој и дава исончан изглед на кожата.

Морковот е најдобро да го консумирате сиров, изрендан во салата во комбинација со домати и пиперки, а во јадењата во комбинации со тиквички кои исто така се „пријателки“ на вашиот летен тен и здрава кожа.

Праска и лубеница


Летното освежување може да го побарате во разладентото овошје меѓу кое најглавни се лубеницата и праските. Освен што ќе му дадат енергија на вашето тело и ќе му ја пружат потребната течност, ова овошје е преполно со витаминот А кој ги привлекува сончевите зраци и со тоа тенот ја добива убавата бронзена боја.

Лубеницата содржи и витамин Б и Б6 кои исто така се пријатели на вашата кожа. Направете вкусна овошна салата од праски и лубеници, а по желба може да додадете и зрел манго и  други сезонски овошја.

 

Подготви:Б.В.


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button