Занимливости

Брзата храна виновна за лошите оценки?





brza-hrana



Американските научници тврдат дека кај адолесцентите постои причинско-последична врска меѓу учењето и конзумирањето брза храна.

Научниците Кели М. Партел од Универзитетот Колумбус во Охајо и Елизабет Гершоф од Универзитетот Остин во Тексас утврдија дека децата, кои премногу конзумираат брза храна помалку напредуваат во училиштето и имаат пониски оценки од другите.

Студијата објавена во списанието „Клиникал Педијатрикс“ покажува дека децата, кои околу десеттата година најмногу конзумираат нездрава храна, послабо напредуваат во читањето, математиката и другите научни предмети.

Истражувањето опфатило 11.740 деца, кои се следени од нивната шестта до 14 година.

Партел и Гершоф утврдиле дека децата, кои брза храна јадат три и повеќе пати неделно имаат многу полоши резултати во училиште од своите врсници.

Исхраната богата со шеќери и масти може да влијае врз процесот на учење и на непосредното помнење, нагласуваат научниците и ги советуваат родителите да го ограничат конзумирањето брза храна кај децата.

– Ние не им велиме на родителите никогаш да не им даваат на децата брза храна, но резултатите јасно сугерираат дека нејзиното конзумирање мора да биде ограничено, заклучуваат Партел и Герштоф.












Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button