Зошто жените треба да пијат пиво

Нормално, кога збориме за жените кои сакаат да се напијат пиво, не мислиме на наздравување пред локалниот маркет во 11 часот наутро, туку на повремен пријателски собир во некој од нашите кафулиња. Ниту една тажна разделба, караница или неположен испит не може да се излечат со сок. Освен веќе познатите предности на пивото, разни истражувања докажале дека пивото позитивно влијае на разни делови на нашето тело и некои аспекти од нашиот живот.
1. Пивото како извор на железо
Во темното, но исто така во светлото пиво има еден од најважните минерали, железото, кој е потребен за бројни метабиолошки процеси и преносување на кислород во крвта. Освен тоа, пивото е збогатено со фолна киселина, калциум и бројни витамини.
2. Помага во менопаузата
За жените во менопауза пивото е добар додаток во исхраната. Ги намалува хормоналните осцилации во овој период а можат да го подобрат и нивото на естроген.

3. Пивото ги зајакнува коските
Б витаминот го намалуваат ризикот за остеопороза кај жените кои се склони кон поголем ризик за остеопороза од мажите.
4. Пивото го регенерира, зајакнува, тонизира и хидрира телото
Пивото е извор на магнезиум, калиум, фосфор, натриум, бакар, Б витамини (Б1, Б2, Б3 и Б6), аминокиселини и антиоксиданси.
5. Подобро влијае на психата
Пивото не содржи маснотии, ги опушта мускулите и ја потикнува работата на организмот. Познат е по благотворноста да го намали стресот и да го намали ризикот од депресија.
