Занимливости

Зошто треба да јадеме сусам

Сусамот е омилена намирница на ориенталните и северноафриканските народи, која одамна се преселила кај нас. Постои жолт и црн сусам кои се користат на многубројни начини. Кај многу традиционални јадења, колачи, слатки, преливи, леб и печива, сусамот претставува еден од најважните состојки. И двата видови се користат за подобрување на вкусот и за лековитост, а за нивното лековито дејство против ќелавост, првут, забоболка, зуење во ушите, ишијас… знаеле уште старите Египќани, Асирците, Вавилонците, Индусите и Кинезите.

Сусамот денес најмногу се одгледува во Кина, Индија и Судан, а неговото семе содржи меѓу 45 и 60 отсто квалитетно масло. Семките се исклучително нутриционистички богати. Семето на сусамот содржи најголема концентрација на фитостерол, состојка според хемиската структура како холестеролот. Фитостеролите имаат моќ, доколку се доволно присутни во исхраната, да го редуцираат нивото на холестерол во крвта, да го подобрат имунитетот и намалат ризикот од појава на некои типови на карцином.

Сусамовото масло претставува добра превенција против создавање на тромб, односно згрутчување на крвта, но и против долготраен запек. Се препорачува и за отстранување на цревни паразити, чистење на цревата, како и за лекување на хемороиди. Во народната медицина се користи и за санирање на повреди, акни, чиреви, изгореници.

Сусамот е исклучително богат со железо, па затоа е доволно да се внесе 50 грама од ова семе за да се задоволи дневната потреба на човекот со овој минерал. Освен железото, во големо количество е присутен и калциумот, манганот, бакарот, магнезиумот и селенот. Од витамините посебно место зазема витаминот Е, кој е силен антиоксидант што ги штити клетките од стареење, појава на тумор и срцеви болести. Истовремено, одличен извор е и на тиамин Б1, пиридоксин Б6, ниацин, фолна киселина и рибофлавин. Сезаминот е уште една состојка, која е важна при заштита на црниот дроб од оксидативни оштетувања.

Истражувањата покажале дека сусамот е ефикасен и при воспаленија и болки кај ревматолошкиот артритис, како и при астматичните напади. Иако е тежок за чувствителен стомак, сусамот сепак повремено треба да се консумира, бидејќи е совршен чистач на органите за варење.

Подготви: К. А.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button