Зошто мажите се од Марс, а жените од Венера!
Се вели дека секоја жена е тајна за себе, а сега е и научно докажано дека женското тело навистина крие цел спектар на непознати карактеристики. Откриваме девет неверојатни факти за женското тело кои ќе ве изненадат, ќе ве фасцинираат и заинтригираат, но и поради кои ќе бидете уште посреќни што сте жена.
СЛУШАМЕ СО ПОМОШ НА ДВЕТЕ СТРАНИ НА МОЗОКОТ
Додека мажите слушаат само со левата страна на мозокот, која е задолжена за слушање и за читање, кај повеќето жени при таа активност се вклучува и десната страна, задолжена за креативност и експресија. Тоа би можело да објасни зошто жените обично го „слушаат“ она што останало недоречено во разговорот.
НА ФОТОГРАФИИТЕ ИЗГЛЕДАМЕ ПОМЛАДИ ОД МАЖИТЕ
Поради хормоналните промени жените го губат колагенот во кожата побрзо од мажите, но без оглед на тоа, мажите и понатаму изгледаат постари од нас, особено на фотографиите. Тоа се должи на фактот дека мажите имаат подебела кожа на која брчките и старечките дамки порано се појавуваат, но и поради секојдневното бричење кое силно ја оштетува кожата и нанесувањето на лосионот по бричењето полн со хемикалии.
МЕНСТРУАЦИЈАТА ПОМАГА КАЈ ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР
Ако треба да вадите заб, извадете календар. Овој зафат се препорачаува да го правите во текот на последната седмица од менструалниот циклус (помеѓу 23-ти и 28-иот ден), кога нивото на женскиот полов хормон естроген е најнизок, бидејќи тогаш најмалку ќе боли. Ако сте бремени или планирате бременост треба да знаете дека налетот на естрогенот исто така може да предизвика отекување на непцата што го зголемува ризикот од гингивит поради што трудниците би требало приближно на секои три месеци да го чистат забниот камен и да ги прегледуваат забите.
ИМАМЕ ПОДОЛГО ЦРЕВО ОД МАЖИТЕ
Главните органи за варење се исти и кај жените и кај мажите, но кај жените долниот дел од дебелото црево е подолг. Освен тоа, женскиот долен дел од торзото практично е подуен поради репродуктивните органи. Тоа значи дека кај понежниот пол многу повеќе органи се стиснати во помал простор.
ГЛЕДАМЕ ПОШИРОК СПЕКТАР НА БОИ
Двата пола имаат подеднакво силно сетило за мирис, но жените се повешти во распознавање на мирисите. Таа способност особено е нагласена во репродуктивниот период, што најверојатно е поврзано со хормоните. Чуден е и фактот дека жените со помирисување на маицата на таа личност можат да препознаат дали некој е под стрес, особено ако станува збор за нивни партнери.Додека мажите потешко ги распознаваат црвените и зелените нијанси, жените гледаат повеќе нијанси во црвено-портокалов спектар на бои.
СТРАДАМЕ ПОСИЛНО ОД МАЖИТЕ
Кога жените и мажите имаат ист здравствен проблем, без разлика дали се работи за проблеми со грбот, заразни болести или карцином, жените повеќе страдаат. Тоа е затоа што чувствуваат болка поинтензивно од посилниот пол, бидејќи, како и во претходниот случај, се одговорни хормоните. Имено, високото ниво на естроген поттикнува систем во мозокот кој ја намалува болката, а кога нивото ќе опадне (во одредени делови на менструалниот циклус или откако жената ќе роди), тој систем ќе престане да дејствува поради што жените имаат поинтензивна физичка реакција на она што ги боли во тој период.
БИОЛОШКИ СМЕ ИЗГРАДЕНИ ДА ПЛАЧЕМЕ
Жените плачат пет минути почесто од мажите, но тоа не е затоа што општеството полесно ја прифаќа расплачената жена, туку поради биолошките фактори. Женските солзни жлезди се поинакво градени од машките, а со тоа се и поголеми што е еден од биолошките причини зошто полесно се расплакуваме.Но, тука е и хормонот пролактин (кој има значајна улога кај доењето) кој го регулира настанувањето на солзните жлезди и помага во создавањето на солзите. До 18-та година нивото на пролактин во крвотокот на жените е 50 отсто поголем отколку кај мажите.
ВАГИНИТЕ И АЈКУЛИТЕ ИМААТ НЕШТО ЗАЕДНИЧКО
Природниот вагинален лубрикант, содржи, помеѓу останатото, и сквалин кој е најден и во црниот дроб на ајкулата. Дериватот сквалин од маснотиите на ајкула понекогаш се додава на хидратантните кремови за кожа на која дејствува ублажувачки и омекнувачки. Истиот дериват е корисен и за здравјето: откриено е дека ги штити човековите клетки од штетните влијанија на лековите за хемотерапија, а не го намалува дејството на лекот на зафатените клетки.
Подготви: К. А.
