Занимливости

Го однеле девојчето на доктор поради болки во стомакот, а она што го пронашле ги запрепастило!

Родителите на девојчето биле убедени дека таа има рак, затоа што престанала да јаде и почнала наеднаш да ги губи килограмите, но воопшто не претпоставувале која е вистинската причина поради таквото нејзино однесување.

5-годишната Мили Валис од Велика Британија секојдневно патела од болки во стомакот. Кога ја одвела мајка и` на доктор и кога ја виделе нејзината состојба, биле збунети. После детални анализи се испоставило дека таа во стомакот има огромна топка од сопствената коса и тогаш сфатиле дека девојчето пати од Репунзелов синдром.


Кога мајката од Мили, Лиса, веќе не можела да ја гледа својата ќерка како трпи огромни стомачни болки, одлучила да ја одведе во болницата Блекпул Викторија и кога докторите откриле дека пати од ретко пореметување поради кое ја јаде сопствената коса, сфатила дека е тоа проблем кој трае веќе две години.



„Се` започна кога имаше три години. Забележав дека кубе прамени од својата коса. Еден ден кога сакав да ја исчешлам, забележав дека е проќелавена на едно место“, раскажа Лиса која истакна дека се обидувала да ја спречи да ја јаде сопствената коса, но безуспешно и додаде дека таа и нејзиниот сопруг мислеле дека станува збор само за лоша навика.


Со оглед на тоа што состојбата на девојчето се влошувала, Лиса кажа дека била преплашена и се чувствувала беспомошно, бидејќи ја гледала сопствената ќерка како не може да јаде и како постојано ја губи својата тежина, поради што таа и нејзиниот сопруг се посомневале дека девојчето можеби има рак. Во моментот кога и` било најлошо, во болницата во Ливерпул го здогледала светлото на крајот од тунелот.


„Бевме убедени дека има рак. Меѓутоа, анализите на крајот покажаа дека причината за нејзините болки е огромна количина од нејзината коса во стомакот. Се испостави дека оваа маса го допрела нејзиниот дигестивен тракт и дека поради тоа имала болки. Тогаш ни олесна“, раскажа Лиса.


За среќа, хирурзите со операција успеале да ја извадат сета коса од нејзиниот стомак и внатрешните органи не се повредени, а кога пристигнале дома, првата работа што ја направиле е тоа што ја однеле малата Мили кај фризер и ја истрижале во модерна паж фризура.


Таа сега има 10 години и се излечила од овој редок синдром од кој во светот патат се` на се` 27 личности, меѓутоа нејзините родители и ден денес мора да внимаваат на нејзиното однесување.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button