Занимливости

Зелена или црвена – која пиперка е подобра?

Во секојдневната исхрана ги користиме и зелените и црвените пиперки во зависност од видот на јадењето што го приготвуваме, притоа не размислувајќи за разликата и количината на хранливите состојки.

 

Имено, според составот на хранливите материи, црвената пиперка е повредна – колку што е поцрвена и помесеста, толку подобро. Во себе содржи каротен и витамин Ц, односно во 100 грама пиперки се содржат 184 милиграма витамин Ц, што значи дека една пиперка е доволна за да ги задоволи нашите дневни потребни за овој витамин.

Поради големата количина на витамин Ц, пиперката се препорачува во исхраната за јакнење на имунолошкиот систем.

 

Но, тоа не значи дека треба да се ограничите само на црвените пиперки, а да ги заборавите зелените. Во секој случај, искористете го овој период од годината на свежи пиперки и потрудете се секојдневно да бидат присутни на вашата трпеза. 

 

Подготви: К. А.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button