Занимливости

ЗАФИРОВ ПРЕПОРАЧУВА: Пијте многу вода и внимавајте со јаглехидратите

Мора да бидеме внимателни со нашето тело бидејќи колку ние ќе му дадеме, толку тоа ќе ни врати, вели професионалниот бодибилдер Тоше Зафиров.

Советот кој го препорачува за секој што е на посебен режим на исхрана е да консумира доволно количество на вода, и тоа од три до четири литри на ден. Исто така, Зафиров напоменува дека мора да внимаваме на внесувањето  јаглехидрати.

(Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)

(Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)

Мора да бидеме внимателни и стрпливи со секоја диета бидејќи килограмите не сме ги ставиле преку ноќ. Пожелно е да се намалуваат од три до пет килограми месечно. Најважно е нашето здравје.

Зафиров препорачува начин на исхрана за секој што сака да ја намали својата тежина. Таа се состои од следниве продукти:

1. Оброк: Две цели тврдо варени јајца, 50 грама овес или друг вид житарки+мултивитамини и минерали

2. Оброк: 200 грама пилешко месо, 200 грама зелена салата, една табла „омега 3“.

3. Оброк: Едно големо зелено јаболко.

4. Оброк: Една исцедена туна со зелена салата

5. Оброк: 250 грама „елла сирење“ и 50 грама бадеми.

Со овој начин на исхрана препорачлива е каква било физичка активност за подобри и поуспешни резултати.

(Телеграф.мк)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button