Занимливости

ВНИМАВАЈТЕ: Стресот може да ги влоши алергиските реакции

Симптомите како што се кивањето, течењето на носот и насолзените очи можат да предизвикаат дополнителен стрес кај луѓето кои страдаат од алергии, но можат да бидат и главен извор на стрес кај некои лице, покажува истражувањето на д-р Амбер Патерсон.

Ублажувањето на стресот нема да ги излечи алергиите, но може да помогне во намалување на интензивните симптоми – посочува таа, повикувајќи се на резултатите од истражувањето направено на Клиниката за педијатрија во државната болница во Охајо, САД.

Во ова истражување учествувале 179 универзитетски работници од кои било побарано да пополнуваат дневници во кои ги следат своите симптоми во текот на 12 недели. Во своите дневници, испитаниците секојдневно запишувале какви биле нивните алергиски реакции, стресот и расположението. Во текот на 14 дена тие давале брис од нивната плунка преку кој се одредувало нивото на кортизол, хормон на стресот.

Фото:blissfullyeverafter.net

(Фото: Blissfullyeverafter.net)

Кај 69 испитаници, односно 39 проценти, алергиите се потврдиле во текот на истражувањето. Било докажано дека нивото на кортизол не е поврзан со алергените, но дека нивото на стрес е поврзано со алергиските реакции. Помеѓу испитаниците имало такви што носат висок ризик, а потврдено е дека од нив 64 проценти имале повеќе од четири алергиски реакции во рамките на 14 дена.

Истражувачите, исто така, откриле поврзаност помеѓу лошото расположение и алергиските реакции. Имено, лицата кои имале повеќе алергени, биле и со полошо расположение.

(Телегтраф.мк/Извор: Кликс.ба)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button