High Energy: Високо-ефективен аеробен тренинг за тело како од насловна
High Energy Аеробикот е 60 минутен високо-ефективен аеробен тренинг кој вклучува вежби со висок и низок интензитет за подобрување на силата и издржливоста, за редукција на масното ткиво и подобрување на флексибилноста и координацијата во ритам.

High Energy Аеробикот претсатвува полиструктурна циклична активност. Движењата се изведуваат со помош на музика која со својот ритам и темпо непрекинато ги поврзува движењата, правејќи единствена целина.
Овој вид на аеробик всушност е таков вид на моторна физичка активност, која посебно е прилагодена за развој на функционалните способности, на оние латентни димензии кои се во центарот на вкупната здравствена состојба.
Од што се состои High Energy?
1. Загревање – на почетокот се фокусираме на едноставни аеробик движења за да го загрееме телото. Овој дел е многу важен за понатамошниот дел од часот, а посебно како превенција од евентуални повреди. Во овој дел на часот се постигнува:
– зголемување на температурата во мускулите
– забрзана циркулација во целото тело, а посебно во активните делови
– намалување на продукцијата на млечна киселина
– забрзување на метаболизмот
– зголемување на мускулната растегливост
2. Аеробен дел – во овој дел се користат два типа на движења:
– движења со подигнување од подлога (трчање, скокање и поскокнување)
– движења без подигнување од подлога (одење, чекорење, свиткување)
Во овој дел не само што се поттикнува топењето на мастите, туку ја подобрува координацијата во ритам, подвижноста и флексибилноста. Исто така помага при обликување и затегнување на мускулните групи на целото тело, како и при јакнење на коскено-зглобниот и тетивниот сегмент.
3. Истегнување и опуштање – Ви честитаме! Успеавте да издржите. Сега е време да се одморите, истегнете и опуштите.
Се препорачува овој час да се посетува еднаш неделно, а всушност и така е вклопен во програмата на Fit One.


